Техниките за релаксација се нешто за кое размислуваме барем еднаш дневно, а кога нашите деца ќе ни ги кренат нервите, понекогаш успеваме да се воздржиме од она што би сакале да го направиме и почнуваме да дишеме длабоко. Така, малку по малку некако се опуштаме. А кога имаме малку повеќе време, можеме малку повеќе да се посветиме на релаксација. Но, што е со децата? Дали им треба релаксација или треба да ги испразнат батериите во текот на денот за да заспијат навечер?

Се разбира, добро би им дошла малку релаксација! Но, факт е дека тоа не може тукутака да им падне на памет, ниту пак знаат како точно да го направат тоа – ако вие не им помогнете. Но, постојат многу корисни техники за релаксација за децата.

Кога ќе видите дека е вистински момент, пронајдете мирно место и обидете се да му ги покажете на вашето дете овие техники за релаксација. Се разбира, не мора да ги нарекувате така, туку сето тоа може да биде игра. Можете да поминете низ овие техники во момент кога тоа „не е голема работа“, па ќе биде полесно да ги примените заедно кога е потребно.

Техники за релаксација за деца

Цвет и свеќа – Ова е едноставна техника за релаксација која поттикнува длабоко дишење. Објаснете му на детето дека ќе се преправате дека имате цвет што многу убаво мириса во едната рака, а свеќа што полека гори во другата рака. Вдишете полека низ носот додека го мирисате цветот. Издишете полека низ устата додека ја дувате свеќата. Повторете неколку пати.

Лимон – Оваа вежба за релаксација ја ублажува мускулната напнатост. Кажете му на детето дека ќе се преправате дека имате дрво лимон. Посегнете до дрвото и со секоја рака скинете по еден лимон. Исцедете го силно лимонот за да излезе целиот сок. Фрлете го лимонот на подот и опуштете ги рацете. Потоа повторете! По последното стискање и фрлање истресете ги рацете за да се опуштите.

Мрзлива мачка – Оваа вежба ги опушта мускулите. Заедно со вашето дете преправајте се дека сте мрзлива мачка која штотуку се разбудила од убав долг сон. Децата сигурно ќе го сакаат ова! Проѕевајте се и мјаукајте. Потоа испружете ги рацете, нозете и грбот полека како мачка – и опуштете се.

Пердув/статуа – Оваа вежба ја ослободува тензијата во мускулите. Преправајте се дека сте пердув кој лебди низ воздухот десет секунди. Одеднаш пердувот се замрзнува и се претвора во статуа. Не мрдајте. Потоа полека опуштете се додека се трансформирате назад во лебдечки пердув. Повторете го ова, но погрижете се да завршите како лебдечки пердув во опуштена состојба.

Топче за антистрес – Оваа вежба ја ослободува мускулната напнатост и ги масира рацете. Направете сами топки против стрес со полнење на балоните со сува леќа или ориз. Земете ја топката во едната или во двете раце, па стиснете ја и отпуштете ја. Експериментирајте со стискање на топката. Најдете го начинот кој функционира за вас, приспособувајќи ги брзината, притисокот и времето на стискање како што сакате.

Желка – Преправајте се дека сте желка која оди на бавна, опуштена прошетка. О не, почна да врне! Свиткајте се цврсто под оклопот десет секунди. Сонцето повторно изгреа, затоа излезете од вашата школка и вратете се на вашата релаксирачка прошетка. Повторете неколку пати, внимавајќи да ја завршите прошетката за вашето тело да биде опуштено.

Извор



912

X