Сведоци сме како брзото време и многубројните обврски на родителите го земаат својот данок. Сѐ повеќе имаме деца со кои треба многу да се работи пред да се пуштат во градинка и во училиште. Но нека не ве обесхрабрува тоа, нека не ви става тежина и безброј мисли, сѐ што некогаш е потребно е само мал поттик одвреме-навреме и работа со нив. Во прилог може да ги видите сите расположливи активности, секако чувствувајте се слободни да цртате надвор од рамката и да ги креирате според вашите желби и можности. На крајот на краиштата, сите ние сме луѓе и сѐ што сакаме е најдоброто за нашите деца. Ќе ве советувам што да очекувате и што можете да направите за да го стимулирате секое од сетилата на вашето бебе.

Визија – На почетокот, вашето бебе може да гледа само од 8 до 12 инчи, а неговиот вид е нејасен. Тоа претежно гледа облици и нијанси – без разлика дали нешто е големо, мало, светло или темно. До 4 месеци, вашето бебе ќе гледа подалеку и ќе ги користи очите за да ги следи предметите што се движат, а до 5. месец ќе има поголема перцепција на длабочина. Некаде помеѓу 4 и 6 месеци, тоа ќе може да ги види сите бои. И додека оди и ползи, помеѓу 8 и 12 месеци, тоа ќе може да ја користи својата длабинска перцепција за да ги процени растојанија додека истражува.

Што можете да направите: Украсете ја собата во светли бои и смели дезени. Променете ја положбата на корпата на вашето бебе и хранете го од двете страни за да му помогнете да се навикне да гледа од различни агли. Можете, исто така, да го ставите вашето лице во линијата на видот на вашето бебе, а потоа да разговарате или да се насмевнете; тоа му овозможува да се фокусира на вашето лице и да ги следи вашите движења. Започнете да играте игри како ѕиркање на околу 4 месеци за да му помогнете во координацијата рака-око. Можете, исто така, да му дадете можности да посети различни знаменитости – парк, зоолошката градина или да прошетате низ соседството. Кога нешто ќе му го привлече вниманието, дајте му време да го прегледа темелно.

Слух – Слухот на бебето почнува да се развива уште додека е во утробата, така што вашето дете ќе биде запознаено со вашиот глас кога ќе се роди. Отпрвин, вашето бебе лесно ќе биде одвлечено од бучавата во заднина. На околу 2 месеца тоа ќе почне да се обидува да имитира звуци. До околу 6 месеци тоа може да имитира специфични звуци што ги правите.

Што можете да направите: Зборувањето, читањето и пеењето со вашето бебе помагаат да се изгради неговата личност, го поттикнуваат развојот на јазикот и промовираат поврзување. Можете да му дозволите да ужива во звуците од секојдневниот живот и да опишете што слуша. За бебињата што имаат проблем да заспијат, вклучете машина со бел шум; тоа е смирувачко бидејќи ги реплицира ниските, стабилни звуци на утробата.

Допир – Допирот е едно од најдобро развиените сетила при раѓање. Бебињата се способни веднаш да разликуваат различни температури, текстури, форми, па дури и тежини на предмети. Допирот е, исто така, апсолутно клучен за поврзувањето. Гушкањето на вашето бебе ќе направи да се чувствува сигурно, како и повивањето затоа што повторно создава ограничено чувство на утробата. И да, бебињата истражуваат преку допир, а најпосакувана алатка им е устата. Штом ќе има поголема контрола над рацете, тоа ќе ја испружи раката и ќе зграби сѐ што му е на дофат.

Што можете да направите: Често држете го вашето бебе в раце. Контактот кожа на кожа има терапевтско влијание врз новороденчињата, велат лекарите. Едноставно триење на некој лосион по капење е исто така смирувачко, или можете да пробате некои нежни движења на масажа. Дозволете му да почувствува различни предмети на кожата, како меко кадифено животно или топка. Кога ќе потпорасне, дајте му играчки со различни форми, големини и текстури.

Мирис – Вашето бебе има добро сетило за мирис од самиот почеток. Тоа го запознава вашиот мирис уште од првиот контакт со вас. „Бебињата се особено чувствителни на мирисот на мајчиното млеко и дури можат да го разликуваат од адаптираното“, што може да предизвика проблеми околу 3 или 4 месеци кога е време тие да почнат да спијат во текот на ноќта. Вашето бебе, исто така, користи мирис за да научи за околината околу него и да ја идентификува удобноста и можната опасност.

Што можете да направите: Редовно користете ги истите производи. Но, никако производи со силен мирис додека доите. Обидете се да избегнувате миризливи детергенти и тешки парфеми бидејќи тие можат да го збунат вашето бебе така што ги маскираат феромоните што ги произведувате. За да го изградите неговото сетило за мирис, изложете го на многу мириси. Кажете му каков е секој мирис и ќе го поттикнете и неговиот јазичен развој.

Вкусот – Вкусот на вашето бебе е целосно формиран на денот кога тоа пристигна. Тоа е родено со претпочитање слатки и може да ги открие вкусовите на храната што сте ја јаделе преку мајчиното млеко.

Што можете да направите: Јадете разновидна храна додека доите. Почнувајќи од околу 6 месеци, запознајте го вашето бебе со разновидна храна и вкусови. Ова ќе му даде почеток на искусувањето на низата вкусови кои се наоѓаат во здравата исхрана. Се разбира, ако вашето семејство има историја на алергии на храна или ако вашето бебе има егзема, треба да разговарате со вашиот лекар пред да му дадете нови состојки.

Најдобрите работи што треба да ги имате за играње со новороденче:
– Визуелно интересни предмети
– Контрасни книги или картички со шари
– Ткаенина и други предмети кои се со интересна текстурата
– Огледало (обично или верзија на подот за бебиња)
– Мека, но цврста површина за играње на подот
– Меки коцки или што било друго што ќе предизвика стимулација на сетилата кај бебињата 0-3 месеци
– Звучни предмети

Активности за играње со вашето новороденче

Поддржано време на стомак.

Нежно поместување на телото: продолжување на рацете и нозете, масажата и играњето како марионета се одлични начини да помогнете да се истегне..

Следете го звукот: пуштањето музика или создавањето звуци го поттикнува вртењето на главата и ги зајакнува мускулите на вратот.

Предмети за удирање: Помогнете му на вашето бебе да го открие и да го развие сетилото за допир така што ќе поставите разни работи за мала „вежба со удари“.

Игра со имитација: за лесен начин за играње во секое време (и кој веројатно веќе го правите), легнете го бебето со испружени нозе или на мека подлога и правете изрази на лицето додека разговарате со него.

Допир на текстура: Стимулирањето на сетилата е одличен начин да се поттикне развојот додека го запознавате бебето со нови работи. Користете вообичаени предмети што се наоѓаат низ куќата и лесно допирајте ги рацете, стапалата и кожата на бебето со нив.

Игра со вода: Наполнете плитка тава со вода за малку влажно истражување со нозете и рацете.

Поставете го на грб со играчки над главата.

Бебешки разговор – Дури и ако не може да ве разбере, вашиот глас ќе почне да му станува препознатлив. Ова ќе му помогне да се смири кога е во непријатност, знаејќи дека мајката е тука. Користете го неговото име кога зборувате со него, читајте книги или пејте песни. Иако вашето бебе нема да знае дека неговото име се однесува на него до околу 6-7 месеци, тоа ќе му овозможи да го препознае тоа.

Играјте со меурчиња – Како уште една сензорна ставка која треба да ја погледне вашето бебе, меурчињата се апсолутно одлични за деца од 3 до 4 месеци. Меурчињата сигурно ќе предизвикаат насмевка на неговот лице додека се обидува да ги допре.

Користете сетилно шише – Наполнете шише со вода и ставајте различни бои додека вашето бебе гледа, или со различни мириси и доближувајте ги до него, може да ставите цветови, кесички од чаеви секако, со дупчиња на шишето и сл.

Обезбедете редовна изложеност на мајчиниот јазик во текот на првата година – Како што споменавме погоре, слушањето на сложените звуци на мајчиниот јазик е неопходно за подоцна да се развијат добри јазични вештини.

Најдете слика од познато лице и ставете ја на место каде што бебето може да ја гледа – Може да ја ставите до душекот за пресоблекување за да може бебето да се фокусира на неа.

Полека движете ги предметите во неговото видно поле – Во првите неколку недели преместете ги предметите од една на друга страна, на 8-10 инчи или 20-25 cm пред неговото лице. Ова го поттикнува вашето бебе да го следи предметот и помага да се развијат очните мускули, а со тоа и контролата на очите.

Стимулирањето на растот на мозокот на вашето бебе може да изгледа застрашувачки, но бидете оригинални и креативни, дури и кратко време поминато со него во игра е ново учење и воедно стимулирање на неговите сетила. И, секако, за секоја загриженост или доколку забележите дека нешто не е во ред, веднаш побарајте помош од стручно лице. Ако се сомневате дека вашето бебе има проблем со видот или слухот, однесете го кај педијатарот за да се провери што побрзо. Губењето на слухот е најчестиот вроден проблем, а раното дијагностицирање е особено важно. Докторите препорачуваат да му шепнете на секое уво на вашето бебе: ако тоа се кикоти кога ќе му шепнете на едното уво, но не и на другото, можеби нешто не е во ред. Ако на вашето бебе не му е направен очен преглед, нека го прегледаат до 6 месеци. Дотогаш, барајте асиметрија меѓу очите, прекумерно црвенило или исцедок, спуштени очни капаци и ненормално обликувани зеници (проверете го вашето бебе во рамномерно осветлена просторија).



912

X