Трудовиот инспекторат на Словенија првпат казни родители-инфлуенсери со казна од 1.500 евра за „незаконски детски труд“. Казнетиот инфлуенсер поднел жалба на која треба да одговори судот.
Во Словенија е забрането деца под 15 години да работат, но постојат исклучоци.
– Дете до 15 години по исклучок, за плаќање, може да учествува во снимање, подготовка и изведба на уметнички, сценски и други дела од областа на културната, уметничката, спортската и рекламната дејност – стои во Законот за работни односи.
Овој член од Законот за работни односи не е ништо ново, но ова е прв случај кога инфлуенсер е казнет затоа што не добил дозвола.
– Во тие случаи родителите секогаш треба да поднесат барање за дозвола издадена од инспекцијата, бидејќи тоа е пропишано со закон. Најмногу нè контактираат рекламни агенции, главно заради снимање реклами во кои се појавуваат деца – објаснуваат оттаму.
Работното време на децата е особено ограничено
Во Словенија е ограничено работното време на децата до 15 години. Работното време на децата што вршат лесна работа во текот на училишниот распуст не смее да трае подолго од 7 часа дневно и 35 часа неделно. Работата на детето што се извршува во текот на учебната година надвор од времето определено за часови не може да трае подолго од 2 часа дневно и најмногу 12 часа неделно.
Во секој случај, на децата им е забрането да вршат ноќна работа од 20 часот до 6 часот наутро, а задолжително треба да им се обезбеди дневен одмор од најмалку 14 последователни часа на секои 24 часа.
912