Доењето е одличен начин да го запознаете вашето бебе!
Успешното доење бара одговор на мајката на знаците од нејзиното бебе, што е првиот чекор при запознавањето со бебето и градењето доверлив однос.
Доенче на возраст од само три месеци може да покаже незадоволство ако го оставите подалеку од вас, а може да покаже и дали некој не му се допаѓа. Сепак, особено е интересно што бебето сфаќа дека храната пристигнала веднаш штом ги здогледува градите, а тоа го потврдува и бебето кое лежи на кревет, на видеото објавено на „Фејсбук“.
Бебето веднаш почнало да симулира цицање, изгледа многу среќно и возбудено, а во еден момент дури и ја оближнува устата. Очигледно е дека бебињата се попаметни отколку што мислиме.
Погледнете го видеото, сигурно ќе ве расположи и ќе ве насмее!
912