Задутре почнува првиот интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, организиран од Театарот за деца и младинци во Скопје и Министерството за култура. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Том Соер“, во 19 часот.
„Види нови светови и остани дете“ е слоганот на фестивалот, кој е осмислен заедно со познатиот македонски поет Никола Маџиров.
За фестивалот пристигнале 17 апликации, но биле прифатени само 9. Покрај тоа што има 3 македонски продукции кои се учесници на овој фестивал, учествуваат и неколку театри од Балканот (Србија, Хрватска, Црна Гора, Грција), како и една театарска компанија од Италија.
Исто така, покрај претставите, ќе има и работилница за кукларство под водство на менторот Јакуб Максимов, кој е познат чешки куклен режисер.
Фестивалот има натпреварувачки карактер и ќе бидат доделени
Гран при за претстава во целина, за најдобра режија, за сценографија, за костимографија, за најдобра машка улога и за најдобра женска улога.
Фестивалот го носи името „Игор Маџиров“ во чест на „црвенокосото момче“ кое трагично почина, а поголем дел од својата кариера го одигра во детски улоги и во Театарот за деца и младинци.
Тука може да видите кои се претставите што ќе учествуваат:
912