Откако ќе се роди вашето бебе, првите 24 часа дома веројатно ќе изгледаат прилично едноставни. Кога ќе ги направите првите обиди за доење, вашето бебе најверојатно ќе ги помине следните неколку часа спиејќи, попознато како „спиење за закрепнување“ – што им е потребно и на мајката и на бебето. И двајцата поминавте низ голема авантура, па искористете ги тие часови одмор колку што можете повеќе.

Меѓутоа, втората ноќ со новороденче е малку поинаква. Вашето бебе беше во пријатна и топла утроба во последните неколку месеци и најверојатно сега ќе сфати дека работите не се сосема исти и ќе протестира – гласно.

„Синдром на втора ноќ“

Наречен „синдром на втора ноќ“ – тоа е време кога бебето препознава колку му се променил животот. Идиличниот живот во утробата е заменет со живот со светлина, бучава и сосема различни состојби кои се шокантни за бебето. Единственото нешто што може да ја олесни оваа промена е родителската близина. Бебето ќе бара утеха, олеснување и удобност, обично во форма на доење или гушкање. Доколку ве очекува таков развој на настаните, ќе забележите дека секогаш кога ќе го ставите во креветчето, бебето ќе почне да плаче – што може да биде исцрпувачки и стресно.

Нормално е и ќе помине

Првата ноќ дома со бебето може да биде тешка, но полесно ќе се справите со тоа доколку земете предвид низ што поминува бебето. Одеднаш се променија сите работи на кои било навикнато бебето, од ограничувањата на матката, редовното чукање на вашето срце, постојаното жуборење на вашата утроба, па затоа бебето се чувствува несигурно и вознемирено. Токму затоа бебето престанува да плаче кога го држите в раце или кога го доите, затоа што му овозможувате да го прави она што му е познато. Всушност, цврстото држење на бебето в раце е најблиску до чувството што го имало бебето во утробата.

Не паничете

Обидете се да не паничите ако ни око не затворите втората вечер. Колку повеќе е бебето на вашите гради – толку подобри сигнали ќе добие вашето тело за да произведе обилна количина млеко. Запомнете, ова е само начин на кој бебето се навикнува на новиот живот надвор од матката и потребно е некое време за да се навикне на него.

Како да се справите со сè

Гушкајте го и дојте го. Ако заспие на вашите гради, нежно отстранете го од градите (со ставање на малиот прст во аголот на устата) и оставете го да спие во вашите раце најмалку 20 минути, бидејќи тоа му овозможува цврсто да заспие пред да го преместите во креветчето. Штом бебето е во креветчето – и вие ќе се одморите! Погрижете се да се менувате со партнерот додека го држите бебето, не е важно кој го држи додека е во топла прегратки со љубов. Физичкиот контакт е многу моќен, а грижата ќе му помогне на бебето да се смири и да ви даде шанса да се поврзете.

Можеби и вие ќе имате слична ситуација, можеби не – не смееме да заборавиме дека секое бебе е различно, но ако ви претстои „синдром на втора ноќ“, запомнете дека ќе помине, исто како и секој друг родителски предизвик, а вашето бебе ќе ви биде многу благодарно што храбро издржавте и што му ги олеснивте овие големи промени.

Извор



912

X