Образование

Бесплатни ранци, тетратки и прибор за 625 првачиња во Кисела Вода

625 првачиња од сите 11 основни училишта во Општина Кисела Вода ќе добијат бесплатни ранчиња, тетратки и училиштен прибор. Овој проект има цел да им овозможи финансиско олеснување на сите семејства.

– Пред почетокот на новата учебна година обезбедивме ранчиња за учениците кои првпат ќе седнат во училишните клупи. Првиот училиштен ден треба да се памети по радост и возбуда, и за првачињата и за нивните родители, а не по финансиски грижи. Токму затоа, Општина Кисела Вода се погрижи сите запишани 625 првачиња во нашите основните училишта, на 1 септември бесплатно да добијат квалитетен анатомски ранец, во кој ќе има и тетратки и училиштен прибор. Сакам да ги известам нивните родители дека не треба да купуваат чанти и прибор и дека за искористување на оваа погодност нема потреба од исполнување било какви критериуми – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Фото: веб-страница на Општина Кисела Вода

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top