Илон Маск има многу улоги, како извршен директор на „Тесла“ и извршен директор и главен инженер во „Спејс екс“, но најглавната улога во неговиот живот е татковската. Имено, Илон има 10 деца.
51-годишниот милијардер доживеа татковство, но и ненадејна тага, кога во 2002 година го доби и трагично го изгуби своето прво дете.
Тој и неговата тогашна сопруга Џастин Вилсон го добија својот прв син, Невада Александер Маск, на 18 мај 2002 година. Момчето ненадејно починало само 10 недели подоцна од синдром на ненадејна смрт на доенчињата, или СИДС. Маск ретко ја споменуваше својата загуба.
Во наредните пет години Вилсон ги роди близнаците Грифин и Вивијан и тројката Каи, Саксон и Демијан Маск.
– Старателството над нашите пет деца е рамномерно поделено. Со нив го поминувам речиси целото слободно време, тие се љубовта на мојот живот – изјави тој.
Иако ги запишал во училиште кое самиот го основал и вели дека го обожаваат, во 2021 година рекол дека се израснати на интернет.
– Мојата опсервација е дека моите деца главно се школуваа на „Јутјуб“ и „Редит“, но заедно со нивните соученици. Судејќи според времето поминато на интернет, се чини дека поголемиот дел од нивното образование доаѓа од интернет – изјави Маск.
X Æ A-12 Маск
Маск и неговата поранешна девојка Грајмс му го претставија својот син X Æ A-12 на светот во мај 2020 година. Интернетот го критикуваше парот поради бизарното име на момчето, а се чинеше дека и неговите родители не се согласуваат целосно околу изговорот.
– Бебињата се само машини за јадење и какање. Мислам дека тие се одлични и луѓето треба да имаат повеќе бебиња. Очигледно, ако немаат бебиња, ќе исчезне човештвото – изјави Маск во една пригода.
Тој, исто така, даде подлабок увид во неговиот стил на родителство.
– Нема многу што можам да направам во моментов. Грајмс има многу поголема улога од мене во моментов. Кога детето ќе порасне, ќе има повеќе улоги за мене – изјави тој.
Екса Дарк
Во мај 2022 година Грајмс објави дека таа и Маск тајно додале уште еден член во нивната мала заедница – девојче родено од сурогат кон крајот на минатата година. Кога се роди девојчето, парот веќе раскина.
Маск, исто така, неодамна го потврди раѓањето на близнаци со извршната директорка на неговата компанија „Неуралинк“, само неколку недели пред да го пречека своето второ дете со канадската поп-ѕвезда Грајмс.
– Давам сѐ од себе за да ѝ помогнам на кризата со недоволно население. Падот на наталитетот е најголемата опасност со која се соочува цивилизацијата. Запомнете ги моите зборови, тие се, за жал, вистинити. Премногу луѓе имаат илузија дека Земјата е пренаселена, иако трендовите на наталитетот толку јасно упатуваат кон колапс на населението – напиша тој на неговиот твитер-профил.
912