Патувањето на долги растојанија со деца може да биде тешко, но наоѓањето место за доење не би требало да биде. Кети Хочул, гувернерка на Њујорк, потпиша нов закон со кој се бара аеродромите во Њујорк да обезбедат место за доење на жените.

– Еден од најголемите предизвици за новите родители е да најдат место за доење на своите деца. Ова е борба со која многумина се справуваат, а дури неодамна успеаја да ги обезбедат правата и местото што го заслужуваат. Со потпишување на овој предлог-закон ќе продолжиме да го правиме Њујорк подобро место за безбедно и заштитено одгледување на децата – порача Хочул. Државата Њујорк претходно донесе закон за отворање простории за доење на работните места и во јавните институции.

– Овој предлог-закон настана по еден разговор со една мајка која дала до знаење дека постои недостиг на услуги за мајките во Њујорк. Како вработена мајка која патувала многу, Рејчел Џексон не можела да најде простор на аеродромите за мајките што дојат. Го подготвивме овој предлог-закон за да го промениме тоа. Мило ми е што гувернерката Хочул го препозна тоа и го потпиша и се погрижи мајките да имаат опции и да не треба да избираат помеѓу кариерата и родителството – изјави државниот сенатор Тимоти М. Кенеди.

Пратеничката Мајкл Ц. Солагес рече дека законот не е само важен чекор за жителите на Њујорк, туку и за сите семејства што патуваат низ светот.

Извор



912

X