Домашните миленичиња се најдобрите пријатели кои човек може да ги посака. Тие се секогаш блиску до нас и ни ја даваат потребната поддршка и помош. И не е чудно што понекогаш луѓето чувствуваат потреба да ги споделат своите чувства и мисли со нив.

Ако сте од оние што мора му раскажат на кучето за здодевниот колега од работа или разговараат за изборот на храна за вечера со мачката, можете да здивнете. Тоа не е знак на лудило, како што некои мислат, туку науката дури тврди дека е знак за прилично важни особини. Оваа појава истражувачите ја нарекуваат антропоморфизам и, за среќа, нема потреба да се јавувате на лекар поради тоа. Всушност, се работи за поголема интелигенција и креативност, а не на глупост, пишува „Pub med“.

– Тоа е всушност природен нуспроизвод на тенденцијата која ги прави луѓето единствени на оваа планета“ – тврди Николас Еплеј, еден од научниците што работеле на ова истражување. Ако навлеземе подлабоко во темата, ќе сфатиме дека оваа приказна започнува во детството. Децата можат да создадат пријатели секаде. И, најверојатно, сите се сеќаваат на ноќта кога „морале“ да ги донесат сите кадифени играчки и сите автомобилчиња во својот кревет за ниту една играчка да не се чувствува запоставена.

Сега можете да бидете сигурни дека нема потреба од грижа.

Навиката да разговарате со вашето домашно милениче за тоа како сте го поминале денот е всушност природна и нормална работа и тоа само значи дека вашиот мозок работи правилно. Затоа, следниот пат кога ќе го прошетате вашето домашно милениче или ќе седнете на тераса и ќе се опуштите, не обрнувајте внимание на зачудените погледи. Само продолжете си.

Извор



912

X