Бебињата се нежни и чувствителни, потребна им е посебна грижа и затоа треба да знаете кои работи не треба да ги земате од други и зошто е подобро одредени „ситници“ да бидат нови.
Купувањето користена опрема за бебиња или подарок од пријател или роднина е сè почеста практика кај младите родители. Многумина сфатија дека децата брзо ги надраснуваат и дека нема потреба да фрлаат пари за нови работи, додека други сепак сакаат на своите малечки да им купат сè ново.
Во која група и да спаѓате, важно е да знаете што можете повторно да користите или да купите половно, а што треба да купите ново.
Када за капење – Може да се користи веќе искористена када, доколку е во добра состојба. Бебињата брзо растат и нема да ги собира, па затоа треба да заштедите пари. Само не заборавајте да избегнувате прстени за капење или кади на надувување што се вклопуваат во кадата бидејќи тие можат да бидат опасни.
Масичка за пресоблекување – Ова е исто така предмет на кој можете да заштедите пари со купување малку искористена маса, меѓутоа, важно е таа што ќе ја добиете да има безбедносна лента. Ако ви снема простор, можете да купите и душек за пресоблекување.
Памучни пелени – Доколку некој има да ви даде памучни пелени, слободно земете ги. Добро исперете ги, дезинфицирајте ги и тие се подготвени за употреба.
Пумпа за гради – Новите пумпи за гради се скапи. Но, не практикувајте да земете веќе користени затоа што постои ризик да го изложите вашето новороденче на бактерии и вируси.
Облека – Пред да купите нешто што ќе ви се допадне, имајте на ум дека вашето бебе расте секој месец. Затоа, дефинитивно е добра идеја да заштедите пари со повторна употреба на облеката што ви ја нуди пријателката, сестрата или некој друг познат и близок.
Седиште за автомобил – Иако седиштето за автомобил може да е скапо, тоа се добро потрошени пари. Безбедносните стандарди за автомобилските седишта се менуваат, а материјалите, дури и најскапите, се деградираат со текот на времето. Затоа, купете си ново. Ако веќе сакате користено автомобилско седиште, прашајте колку е старо.
Столче за хранење – Безбедносните стандарди налагаат столчето да има ремен за да се спречи детето да скокне. Доколку веќе користеното столче ги исполнува овие услови, тогаш можете да го користите.
Играчки – Невозможно е да предвидите во што ќе ужива вашето бебе. Затоа, не трошете залудно пари и земете половни играчки.
912