Десетици наставници денеска беа собрани пред седиштето на Синдикатот за образование, наука и култура во Маџир Маало. Тие се незадоволни од договорот постигнат вчера меѓу претставници на Владата и СОНК – платите да им се зголемат за 12 отсто почнувајќи од јули.  Присутните бараат да се сретнат со претседателот Јаким Неделков, кој вчера во Владата на состанок со министрите за труд и социјала и образование и наука, како и со премиерот Димитар Ковачевски, договори зголемување на платите за 12 проценти. 

Инаку, денеска Советот на СОНК треба да одлучи дали ќе го прекине штрајкот, односно дали ќе биде прифатена понудата од зголемување за 12 отсто. Засега е неизвесно дали децата утре ќе се вратат на настава.

Денеска почнува третата недела откако просветните работници се во штрајк, а основците и средношколците не се на настава.



912

X