Учениците рекле дека овие теми треба да се знаат и да се учи за нив уште во претходните одделенија, наместо во деветто одделение. На часовите се зборувало и за тоа како учениците да препознаат насилство и дискриминација, но и кому да пријават ако има таква појава

Пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование се покажа како успешна и како нешто што му недостига на образованието, е заклучокот по завршувањето на проектот во кој беа опфатени ученици од деветто одделение во три основни училишта. Интересот кај учениците за изучувањето на овие теми бил голем, а во програмата учествувале 85 ученици. Пилот-програмата за сексуално образование ја реализира ХЕРА заедно со Бирото за развој на образованието.

– Учениците се едуцираа на теми за насилство во врски, за сексуално преносливи инфекции, за сексуалното и репродуктивното здравје, адолесцентни врски и односи. Ова беше проект кој постоеше уште пред да се воведе новата Концепција за основно образование, која, пак, предвиде родово сензитивно образование – вели проектната менаџерка на ХЕРА правници, психолози, доктори и професори.

Таа се пишува со поддршка на УНФПА и УНИЦЕФ. Овој документ треба да содржи насоки за тоа од кога би требало да се изучува овој предмет, дали тој би бил задолжителен или изборен и други детали.



912

X