Игровна терапија со песок во плеј-терапијата со деца претставува форма на експресивна терапија која им овозможува на децата да работат во длабочина допирајќи до сопствените стравови, трауми и непријатни доживувања. Преку игра, терапијата се одвива спонтано и има цел ослободување, канализација и преживување на непријатни искуства и емоции, амортизација на стрес итн.

Поради тоа што овој вид терапија се базира на слобода, креативност и спонтаност во изразувањето, некогаш се случува детето да не знае од каде да почне и потребно му е време за тоа. Но со поддршка од терапевтот нурнува во сопствениот имагинарен свет и ги проектира сопствените грижи, проблеми, нешта од кои сака да избега или да се скрие, нешта од кои се плаши, психолошки блокади и слично.

Неколку придобивки од игровната терапијата со песок:

– Играњето со песок ослободува невербализирани и вербализирани емотивни содржини.

– Играта со песок има кинестетичка сензорна стимулација.

– Играта со песок служи за создавање терапевтски простор за детето.

Растојанието или терапевтскиот простор што го дозволува играта со песок создава безбедно место за да се ослободат агресијата и напнатоста.

– Играта со песок природно поставува граници што генерираат состојба на безбедност за детето.

– Играњето со песок е ефикасно во надминувањето на отпорот на детето во терапевтскиот процес.

– Играта со песок го олеснува комуникациско опкружување реконструирајќи ги блокираните комуникациски вештини.

– Играта со песок му создава на детето простор да доживее контрола.

– Играта со песок овозможува поцелосен и побрз пристап до длабоките интрапсихички содржини особено кај предучилишни деца.

Еве пример за тоа како изгледа една игровна терапија со дете:

Песокот и сите игровни елементи како предмети и вода се наоѓаат пред детето.

Терапевтот му ги дава следните инструкции: затвори ги очите и замисли си некој свет различен или сличен, но не ист како овој нашиот во кој живееме сега. Замисли си дека е празен и ти треба да го опремиш онака како што сакаш. Откако ќе ја создадеш и замислиш својата идеја во главата, можеш да ги отвориш очите и истото да го претставиш овде во кутијата со песок.

Понатаму терапевтот набљудува, се вклучува тогаш кога тоа е потребно, може да вклучи менување улоги, креирање простор за преживување и ослободување од доживувањата со цел да се надмине психолошкиот фактор кој придонел до нарушената психо-емоционална состојба на детето.



912

X