Празниците се сѐ поблиску, а во светот сѐ повеќе се работи на практикување на инклузивноста. Па тоа се случува и во Дизни-парковите. Првпат во историјата, во „Дизниленд“ во Анахајм, Калифорнија и во „Дизни свет“ во Орландо, Флорида, вклучени се црни членови од вработените за да го играат ликот на Дедо Мраз.

Црниот Дедо Мраз е дел и од божиќната парада која се организира во забавните паркови.

„Не можам да опишам колку е магичен овој момент. Им благодарам на забавните паркови за репрезентацијата“, напишала Рози, која се смета за „#ЗабавенДизвиВозрасен“. Оваа промена била воведена во парковите без некоја претходна најава во медиумите. Портпаролот од забавните паркови изјавил дека Дедо Мраз е претставен на различен начин како дел од сите заедници во светот, а во тој дух, Дедо Мраз ќе ја рефлектира различноста од околните заедници и во Дизниленд ресортот и во Волт Дизни светскиот ресорт.

Викторија Вејд, менаџер за социјални медиуми на забавните паркови, истакнала: „Со тоа што Дизни ја воведе оваа промена како дел од иницијативата за диверзитет и инклузија, навистина се чувствувам попријатно и видливо кога ги посетувам парковите. Оваа промена прави луѓето да се чувствуваат поприфатени, добредојдени и презадоволна сум за тоа колку позитивно ќе влијае ова врз децата со различно потекло кои ги посетуваат забавните Дизни-паркови“, вели таа.

Дизни не е единствениот бренд кој воведува нов пристап кон идејата за Дедо Мраз. И во новата реклама за кексите „Орео“ беше вклучен црн Дедо Мраз кој се релаксира во бања.

@rozysmagicalworld

I can’t express how magical this moment was. Thank u @disneyparks for the representation. #blacksanta #verymerriest #representationmatters #disney

♬ When Christmas Comes to Town – Matthew Hall & Meagan Moore

Автор: Ден Хечинг

Извор



912

X