Владата на вчерашната седница го дополни протоколот за бројот на децата по групи во градинките, со што се зголеми бројот на деца од 21 на 25 деца. Во соопштението се наведува дека ова важи само за големите групи, а не и за групите од 0 до 2 години.
Истовремено, Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година, и онлајн настава од првите 7 дена во Кичево и Струга, заради ситуацијата со вирусот во овие општини.
По завршувањето на овој период ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата, стои во соопштението.
Насловна фотографија: Freepik
912