Текстот во продолжение е сатира и целта на објавувањето не е да се намали значењето на вакцинацијата, ниту да се промовира. Тоа е само авторски коментар на ситуацијата во која се наоѓаат просветните работници денес. Автор е Маја Бугарчиќ.

-Еве ме.

-Ау, па зарем досега траеше?!

-Леле, ништо не прашувај ме, речиси 4 часа! Сама сум виновна што прифатив да бидам во училишниот одбор! Но, ова денес ја премина секоја можна мерка!

-Што се случи?

-Ништо, го примив овој нов допис од Министерство и сега – лудница! Ќе биде хаос, само тоа можам да ти кажам. Таа дефинитивно не е нормална, кога ќе ти кажам што смислила, ќе мислиш дека се шегувам.
-Нема, од неа веќе ништо не ме чуди!
-Како прво, наместо нашиот традиционален излет пред почетокот на учебната година, оваа година одиме организирано со автобус – на вакцинација!
-Молам???
-Но, тоа не е сè. Ќе добиеме упатства за облекување и така, бидејќи ќе мораме да се фотографираме во моментот кога ќе примиме вакцина, изразот на лицето мора да биде весел, никако намуртен, со тие зборови објаснуваше.
-Не, сепак се шегуваш! Излет на Саем?
-Да, да, драга моја! Не би ме зачудило да доведе ТВ-екипи и новинари!
-Извини, а… чекај… не знам што попрво да те прашам… Ајде со ред – има од нас што се вакцинирани, ние веројатно не одиме?
-Одиме, одиме! Добиваме трета доза!
-Но, тоа уште никој не го потврдил, која вакцина, кога, како, која смее со која да се меша, ништо од тоа не одлучиле, баш гледав на телевизија дека…
-Па, што има врска? Рекла директорката, што има ти да гледаш телевизија?
-Аха, па да… А, извини, а тие фотографии?
-Тоа е нешто – ќе мораме на сите социјални мрежи да ја прикачиме таа фотографија од вакцинирање како профилна, а пази сега – особено на вајбер-групите со родителите, бидејќи вториот чекор е вакцинација на деца, па родителите кога ќе виделе дека класниот раководител се вакцинирал, ќе потрчале да го вакцинираат и детето.
– Какви деца, не се ниту родителите вакцинирани!
-Па, се разбира, овие тројца денес демонстративно го напуштија состанокот, баш беше непријатно, мислев дека ќе се тепаат, чесен збор!
-Значи, уште една учебна година ја почнуваме со штрајк, но овој пат ќе штрајкуваат и родители и деца!
-Види, не е далеку од вистината. Марковиќ се закануваше со Стразбур, Јовиќ рече дека ќе го испише детето од нашето училиште, хаос беше! Хаос! Потоа кога излегоа и ја треснаа вратата, јас се прашував како мислеа да го постигнат тоа со децата – никогаш не се буниме за ништо, па нема ни сега, и се разбира дека сите ќе се вакцинираме и со петта доза ако така ни се каже и ќе се сликаме за на „Вајбер“ и сè, но како да ги убедиме децата и зошто ние тоа да го правиме…

-И што вели?
-Слушај сега! За да ги поттикне наставниците што повеќе деца да убедат да се вакцинираат, смислила бонус за класните раководители за секое вакцинирано дете!
-Ау, колку е безобразна! Па прва Снежа ќе го влече за ракав секое дете и самата да го вакцинира ако треба!
-Тоа ти велам! Но, тоа не е сè!
-Па, има уште?
-Има, има… Децата кои ќе се вакцинираат во текот на септември, ќе добијат петка по биологија и петка – за Фајзер по англиски, за Спутник по руски, за кинеската даваат ваучер за училишен прибор на кинескиот пазар во блок 70… И сега таа мене ме убедува дека идејата е сите да се вакцинираме и учебната година да започне како пред короната, но сите знаеме дека сака само своја промоција и ништо друго!
-Па, да, човек не знае дали да се смее или да плаче!
-И, за сето тоа да биде максимално поедноставено, сега слушај го ова и со тоа завршувам, ќе има пункт за вакцинација во салата за музичко!
-А… а… каде ќе држам јас часови, ако смеам да прашам?
-Јас ја прашав! Вели дека ова е приоритет, дека часовите се во втор план додека сите не се вакцинираат и смислила ти да немаш часови, туку гласно да свириш на пијано, можеби и да пееш додека децата се вакцинираат за помалку да се слушна како плачат и лелекаат, разбираш?
-А, да не има и некоја музичка желба, можеби?
-Ма, јас би ѝ свирела некој марш! Само марш!

Автор: Маја Бугарчиќ

Извор



912

X