Игротека

Првите чекори до мајка си по операција на срце – видео кое ќе ви измами насмевка и понекоја солза

Апсолутно неодоливо видео од малечко момче кое е објавено на интернет ги расплака корисниците, а шансите се големи дека и вас ќе ве трогне. Краткото видео било објавено на „Твитер“ од страна на корисник под името „@hopkinsBRFC21“ и станало вирално со над 3 илјади прегледи.

Видеото е снимено во болница, а на него се гледа малечко момче кое ги прави првите чекори откако имало операција на срцето и оди кон мајка си. Присутна е и медицинска сестра која му помага на момчето да дојде до мајка си и да ја прегрне.

„Ова малечко момче ги прави првите чекори по својата операција на срце – доволно да ви измами насмевка на лицето“, стои во објавата.

Автор: Раја Гош

Извор

Поврзани написи

To top