Цртањето е една од омилените детски занимации, без разлика на возраста. Тоа е нешто што никогаш не здосадува доколку имате инспиративни предлози во ракавот. Предлозите може да бидат различни теми, но и различни техники за цртање. Еве неколку предлози кои ќе им се допаднат на децата и ќе ги заинтересираат:

Цртање со помош на кујнски предмети

Алатката за гмечење на компирот може да стане одлична алатка за цртање. Истиснете разнобојни облици и претворете ги во нешто интересно со помош на малку хартија во боја или црн фломастер. Побарајте уште интересни предмети во кујната кои може да остават интересен отпечаток, на пример вилушка и пробајте го истото и со нив.

Виа: happytoddlerplaytime.com

Шарени картонски чинии

Ако сте за креативност со што помалку неред, обезбедете картонски бели чинии и фломастери, темперни или восочни бои. Следете го обликот на кругот и различните бои и облици и украсете ги чиниите. Сосема едноставно, а преубаво.

Виа: Инстаграм

Паун

Паунот како птица со највесели бои послужува како инспирација за следната креација. Стиснете ја дланката на бела позадина, додадеѕе опаш и украсни детали. За опашот на паунот можете да искористите стари цртежи. Покрај паунот и другите птици се одлична инспирација, на пример – пеперутки.

Виа: megduerksen.typepad.com

Лубеница

За децата имаме креативен предлог кој од нив не бара премногу, а резултатот е фантастичен. Хартија во зелена и црвена боја исечете ја во полукруг, црвената помала залепете ја на зелената поголема. Семките цртајте ги со црни отисоци од топчиња кои ќе ги држите со штипка. Подгответе барем две „кришки“, бидејќи сигурно ќе им се допаднат. Предлог за уште овошја со семки: киви, маракуја и слично.

Виа: happytoddlerplaytime.com

Пополнување на облици со цртички

Изберете неколку интересни шаблони од животни и украсете ги со цртички кои ќе ги следат облиците. За да биде се поинтересно, исечете облик откако ќе го пополните со цртички и залепете го на некоја интересна позадина.

Виа: artwithmrsfilmore.com

Печати

Правењето печати е креативност за себе. Предлог е да се користи Ева пена која ќе ја исечете на основа на облиците за печати. По неа е доволно со посилен притисок да ги исцртате посакуваните облици, ликови, фигури и тоа така ќе остане. Залепете на основата и по потопувањето во боја направете отпечаток на хартија. И за перничињата за печатите можете да користите Ева пена која ќе ја натопите на пример со боја од туш.

Виа: Инстаграм

Отпечатоци од прсти

За оваа едноставна занимација ви треба црн фломастер, водени бои и хартија од блок. Водените бои се подобри од темпера, бидејќи отпечатокот е таман доволно обоен и не треба долго да се суши па може набрзо да се премине на украсување. Оставете отпечатоци од прстите со разни бои. Штом ќе го пополните просторот на хартијата можете да исцртате со фломастер најразновидни смешни, тажни, машки, женски лица…Покрај различните ликови, отпечатоците може да станат на пример и цветови од различни латици, разни животни или овошки.

Виа: Инстаграм

Извор



912

X