Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Мојот син има 2 години и 8 месеци дете. Сопругот ми замина во странство неочекувано на работа, на одреден период. Синчето беше многу приврзано со татко му, тој беше неговата забава, лудории и слично, додека со мене од секогаш сакал да игра посмирени игри, едукативни. Откако го нема татко му дома, синот е многу нервозен и го бара. Успевам сега за сега да му објаснам дека е на работа но знам дека тоа нема да ми успева уште долго. Навистина не знам што да правам во иднина бидејќи детето е многу чувствително по природа и знае да биде инаетчија, да не придава важност колку и да му се збори и укажува. Ве молам за совет.

Прашува: читателка

ОДГОВОР: Почитувана мајка, пред се би сакала да Ви честитам за подготвеноста одреден период да се грижите за синот без присуство на вашиот сопруг. Вие сте храбра мајка штом сте го прифатиле овој предизвик, а воедно и грижлива бидејки будно ги следите промените во однесувањето на вашето дете.
Пред се би сакала да знаете дека ова е голема промена во животот на вашиот си, а верувам и за вас и дека неговото однесување е сосема очекувано. Би рекла дури и дека е во ред бидејки преку нервозата го искажува своето незадолство, што во некои ситуации е подобро отколку да се повлече и затвори во себе.

Ивана Велевска


Татковците имаат посебна улога во животот на децата, како и големо влијание во нивниот емоционален развој. Токму таа динамика на емотивен развој станува поизразена кога детето ке влезе во втората или третата година.
Се што треба Вие да направите е секогаш да го разбирате и да му пружате поддршка. Не се менувајте премногу брзо со цел да се однесувате и да ги правите работите што ги правел вашиот сопруг, затоа што така може да почне да му недостига мама, со која како што спомнавте сакал смирени игри и едукација. Наместо тоа прашувајте го што тој сака да прави, спомнете некоја игра сто ја играл со татко му и дозволете му тој да ве води и да ви објасни како тие двајца се забавувале.
Што се однесува до чувствителноста и инаетот, треба да знаете дека се јавуваат кај сите деца во овој период од развојот. Тие раснат, постепено формираат свои ставови и мислења и често знаат да бидат непослушни, а поизразено е во ситуации како вашата. Детето мора некако да го искаже своето незадоволство и носталгијата кон тато.
Ваша задача е често да разговарате со него, да го прашувате што сака да правите и да не се плашите да го спомнувате вашиот сопруг. Продолжете да му објаснувате дека мора да работи и дека тоа го прави за да може на пример да му ги купи омилените играчки, доколку сте во можност за разговор преку социјалните мрежи направете го тоа. Може да се договорите дека секој ден треба да му се јавува на тато и да му го раскаже денот, и да го праша што правел тој. На овој начин нема толку многу да го почувствува неговото отсуство, туку ке научи да ја искажува љубовта на повеќе начини, а не само преку луди игри и забави.
Исто така обидете се и Вие да сте среќни и исполнети, па доколку отсуството на вашиот сопруг го менува и вашето однесување и расположение обидете се да не го покажувате тоа пред вашето дете. Засега доволно е да знае само дека и на вас ви недостига исто колку и на него, и дека имате задача да се грижите еден за друг – тој да биде силен како тато и да ја чува мама, а таа да се грижи за него.
Ви посакувам среќа и многу успех и трпение во периодот кој Ве очекува. Останете храбра како и до сега и чувајте се.

Одговара: Ивана Велевска, лиценциран психолог, семеен и системски советник

е-пошта: ivana.blazevska22@gmail.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X