Имате 3-годишно дете дома? Ве молам, станете од столот, земете си чаша вино и уживајте во овие сосема разумни причини поради кои тригодишните деца плачат. Омилена забава на мојата ќерка е да ми вика. Наместо да се борам со солзите и да поминувам низ секојдневна мака, одлучив да ја следам и секојпат да ја запишувам причината поради која таа плаче, вреска, удира со нозете или се фрла на под. Мојата ќерка откри 44 причини, а дури половина од нив се случуваат пред 9 часот наутро:


-Сакаше да ја носи својата маица со Елса (која се наоѓа во купот валкани алишта).
-Наопаку ја облече долната облека.
-Ја пуштив погрешната епизода од „Строубери Шорткејк“.
-Не ѝ го подготвив појадокот доволно брзо.
-Не сакаше житарици, сакаше овесни снегулки.
-Ѝ ја дадов погрешната чинија.
-Ја сакаше чинијата во која биле житариците кои не ги сакала.
-Ѝ падна парче од овесната каша на колено.
-Сакаше малечка лажица.
-Ѝ дадов жолто ќебенце наместо розово.
-Сакаше наместо фустан со Елса, да носи маица со Елса.
-Денес не ѝ е роденден.
-Појасот за врзување ѝ бил чуден.
-Брат ѝ ја погледнал во автомобилот.
-Мачката не ја оставила да ја фати за опашката.
-Не можела да ја отвори нејзината мусли-плочка.
-За време на боењето сум користела погрешна сина боја за фустанот од Пепелашка.
-Седнав на нејзиниот замислен пријател.


-Наопаку ги облече чевлите.
-Заврши цртаниот.
-Сендвичот ѝ го исеков на триаголници.
-Нејзиниот втор сендвич сега го исеков на квадрати.
-Не ја оставив да си игра во автомобилот.
-Ѝ предложив малку да поспиеме.
-Ѝ падна капата на подот.
-Не ѝ дозволив да се јави на телефон.
-Седнав на погрешната страна од каучот.
-Почна да врне.
-Морав да зготвам вечера.
-Нејзиниот брат разговарал со неа.
-Истури вода.
-Користев црвен пешкир за да ја исчистам водата. –

Требало да го користам розовиот.
-Се туширав без неа.
-Му помогнав на брат ѝ со домашната задача.
-Го изгуби розовиот чевел на куклата.

-Ја замолив да се избања.
-Ја замолив да излезе од кадата.
-Пешкирот ја иритирал.
-Нејзиниот брат ја облекол пижамата побрзо од неа.
-Погрешно сум ја свртила страницата од приказната пред спиење.
-Мечето падна од кревет.
-Не сум ја чешкала со раката како што треба.
-Се проѕевнав.

Следниот пат кога вашето дете ќе вреска бидејќи не сте го исекле неговиот сендвич како што треба, сетете се дека има уште многу многу мајки и татковци во светот што ги сечат корките од сендвичите тивко и во себе ја пцујат оваа тешка фаза од родителството.

Автор: Џена Галина

Извор



912

X