Технологијата може да биде добра или лоша. Додека вие сте доволно зрели за да разберете како да ја користите за ваша придобивка, вашето дете сè уште не може да дојде до тоа сфаќање. Па така, заштитувањето на децата од „замката“ на технологијата е ваша одговорност. Во свет каде што сите сме опкружени со технологија, тоа може да изгледа како тешка задача. Но, со неколку лесни трикови и совети можете да успеете да го тргнете детето од постојаното гледање во уреди и екрани.
Контролирајте го времето поминато пред екрани
Иако не е можно да го држите детето целосно настрана од екраните, сепак, контролирањето на времето пред екраните е есенцијално. Ако детето сака да гледа ТВ или да игра видеоигри, може да стане зависно од тие уреди за кратко време. Па затоа, дозволувајте му само неколку часа пред екраните. Дајте му до знаење дека има толку време дозволено во текот на денот.
Заштитете ги вашите уреди со лозинка
Интелигентните деца во денешно време знаат да управуваат со секој уред, без разлика дали е мобилен телефон или лаптоп. Дури и малите деца знаат како да даваат гласовни команди. Најдобар начин да ги отстраните уредите од дофат на децата е да ги заштитите со лозинка, па следниот пат кога детето ќе сака да ги користи, ќе мора да побара ваша дозвола.
Уредите нека бидат недостапни
Не сте во близина, па детето започнало да гледа телевизија. Децата ги искористуваат можностите штом ќе им се укаже шанса. Најдобро е да ги направите уредите недостапни така што можете, на пример, да го скриете далечинскиот управувач, или ако детето сака да поминува многу време на „ајпад“, заклучете го уредот во вашиот гардеробер.
Вклучете го детето во други активности
Има многу забавни работи што детето може да ги прави. Смислете креативни начини за детето да ја намали рутината на постојано користење уреди. Планирајте заедничко време поминато со децата, реализирајте некој заеднички проект, запознајте го детето со играчки кои учат на емоционална интелигенција, охрабрете го да чита повеќе, однесете го во библиотека, цртајте и бојте со него, земете музички инструмент и свирете заедно.

Изнесете ги децата надвор
Бидејќи децата следат пример, ние возрасните сме виновни што не излегуваат многу надвор. Сепак, можете да ги охрабрите децата почесто да поминуваат време на отворено. Одведете ги во парк или на игралиште. Охрабрете ги да ги зајакнуваат физичкото и менталното здравје. Играњето и прошетките на отворено ќе ги научат и на многу животни лекции, на пр., тимска работа и спортски дух. Може да одите и на кампување и тие да ја истражуваат природата, па да ги запознаете и со одгледувањето растенија и плодови и градинарството.
Заклучок
Вградувањето здрави навики кај децата е полесно да се каже отколку да се примени. Со сите тие уреди што ни се достапни, тоа ни станува сè потешко. Овие совети многу ќе ви помогнат во спречување на постојаната врска помеѓу вашите деца и технологијата.
Автор: Патрик Џоунс