Според Центарот за контрола на болести и превенција во САД, службите за итна помош третираат повеќе од 200 илјади деца на возраст од 14 години и помлади во врска со повреди здобиени на игралишта, на годишно ниво во САД. Над половина од тие повреди се категоризирани како фрактури, контузии или гребеници. Но, не сите деца имаат доволно среќа да излезат од болница по повредата.

Помеѓу 2001 и 2008 година 40 деца со просечна возраст од 6 години починале од повреда на игралиште, поголемиот дел од нив поради давење или пад. 75 проценти од сите повреди се случиле на јавни игралишта, што значи дека родителите мора да ги набљудуваат и да внимаваат на децата додека ги придружуваат во парковите и игралиштата. Ова се совети како да поминете безбедно време на ваквите јавни површини:

Пронајдете го вистинското место

Игралиштата обично имаат структури дизајнирани за деца на возраст од 2 до 5 години и 5 до 12 години. Сепак, не се секогаш групирани заедно според возраст или разделени со порта. Ако вашето дете почне да си игра во локација која е премногу напредна за него, нежно водете го онаму каде што припаѓа. Ако се обидува повторно да се врати, кажете му: „Можеме или да играме тука или да си одиме дома. Што би сакал да правиме?“ Пред да го оставите детето да ги користи играчките, проверете ги дали се разлабавени, дали има скршени делови, проверете дали има парчиња дрво кои може да го повредат детето и проверете дали има клинци на кои може да се закачи облеката. Повеќе од 20 илјади деца се третирани во итните служби секоја година поради повреди на игралиште, а причина често е оштетената и дотраена структура.

Не брзајте

Дури и опремата за мали деца може да не е соодветна за дете на 1 година. Избегнувајте структури кои се поголеми од 1 метар, а вашето дете може да користи мини верзии од структурите, доколку ги има. Најдете малечка лизгалка за да се пушти веднаш кон вас, а никако немојте да се спуштате вие со него додека седи во вашиот скут, бидејќи така ризикувате фрактура на ногата. Држете се до малечките лулашки барем додека не наполни 3 години. Детето може да биде љубопитно и за кутиите со песок, но содржината може да не е соодветна за него, а и животните може да ги користат, па не е препорачливо детето да си игра со нив.

Зајакнете го вашето дете

Игралиштето сигурно ќе биде полно со поголеми деца кои можеби ќе се туркаат за да дојдат до лизгалката. Обидете се со играње улоги уште од дома: Ако друго дете прави нешто што на вашето не му се допаѓа, тоа може да се штити користејќи сигурен глас и да му каже на другото дете да престане. Кажете му на детето да дојде кај вас ако проблемот не се решава. Тоа ќе му помогне да развие самодоверба за да менаџира со однесување на игралиштето.

Автор: Ребека Фелсентал Стјуарт

Извор



912

X