Нема сомнение дека мобилните апликации понекогаш ги преминуваат границите со собирање податоци од децата, повеќе отколку што дозволува законот. Но колку често се случува тоа? Може да биде почесто отколку што мислите.

Користејќи автоматски процес на тестирање, истражувачите откриле дека 3.337 апликации за „Андроид“ на „Гугл плеј“ неправилно собирале податоци за деца. Иако мал број апликации всушност го прекршиле законот, постојат многу апликации што може да се сметаат за сомнителни.

Од 5.885 апликации што биле вклучени во истражувањето, 281 собрале податоци како што се контакт или локација без да побараат одобрение од родителот. Непотребно е да се каже дека ова се црвени знамиња за секоја апликација наменета за деца.

Фото: Pexel

Околу 40 отсто од апликациите пренеле информации без користење „разумни безбедносни мерки“, а 92 отсто од 1.280 апликации со фејсбук-врски не ги користеле знамињата на социјалната мрежа за ограничување на употребата под 13 години.

Наодите ги илустрираат предизвиците со кои се соочуваат „Гугл“ и официјалните претставници во спроведувањето закони за приватност фокусирани на децата.

Постои голема загриженост за споделување на податоците и овие проблеми мора да се решат, иако девелоперите не се целосно свесни за нив – особено за апликации каде што децата не се единствениот фокус. Слично на тоа, може да биде тешко за операторите на продавниците за апликации како „Гугл“ рачно да ги проверуваат апликациите кога се додаваат илјадници апликации на ден. Според истражувањето, автоматизираната алатка би можела да биде решение за ова, меѓутоа, сè уште е потребна рачна проверка на апликациите пред да бидат отстранети.

Извор



912

X