Ричард Јеоманс од Троубриџ, Англија, направил мини-верзија на својот син „ленд ровер“, серија 3, за својот 4-годишен син Сиднеј. Минијатурниот „ленд ровер“ достигнува 13 километри на час, за што Ричард вели дека е доволно за четиригодишно дете.
– Навистина уживав во процесот на создавање. Сиднеј беше воодушевен кога го виде. Исто така, тој не можеше да одолее, а да не ѕирне во работилницата неколку пати додека работев. Максималната брзина на мини „ленд роверот“ е 13 километри на час и тоа е доволно за мојот син – објаснува таткото.
Ричард потрошил два месеца да го склопи минијатурниот автомобил до најмали детали, па е речиси идентичен на оригиналот. Репликата го чинела околу 500 фунти, а за неа користел стар скутер за инвалиди, како и други делови што успеал да ги најде.
912