Дали знаете дека од движењето на вашето бебе во стомакот може да настане неверојатна музика?

Кога вашето уво ќе го ставите на стомакот на трудница, можеби ќе можете да слушните необични звуци од растењето и движењето на бебето во стомакот. Тие тонови се толку неверојатни, што ќе помислите дека од тоа може да се создаде музика.

Еден пар го направи токму тоа. Така, нивното мало бебе успеало да објави албум уште пред да се роди.

Родителите Елизберт Харт и Иван Диаз Мате ги снимиле звуците од матката додека Елизабет го носела нејзиниот син Лука, па успеале да направат албум од тие звуци.

„Звуците на нероденото“ е името на овој албум кој е снимен со помош на биосонична МИДИ-технологија што ги преведува движењата во звуци.

– Електродите примаат електромагнетни импулси кои се преведуваат во МИДИ. Ова искуство беше неверојатно. Ритамот и хармонијата што настанаа на овој начин се сосема различни од што било друго – вели воодушевената мајка.

Со оглед на тоа дека Елизабет и Иван се музичари, ова не им е првпат да прават необични експерименти со звуци, а тие успеале да го снимат и движењето на растенијата.

Албумот „Звуците на нероденото“ ќе биде објавен на 2 април.

Извор



912

X