Управата од основно училиште ги предупредила родителите на децата да не носат облека која е „премногу оскудна“. Во предупредувањето стои дека некои мајки се појавуваат на портите од училиштето носејќи мини здолништа, разголени маици, пижами и друга облека што „изгледа како долна облека“.
Во известувањето се бара од сите родители да вложат малку повеќе труд и да се облекуваат соодветно при земањето и носењето на децата во училиште во Кроли, Западен Сасекс.
– „Носењето облека која е премногу оскудна или наменета за други периоди од денот не поставува добар пример“, стои во предупредувањето. Еден родител рекол: „Сум видел мајки кои се облечени во фустани и влечки, а други како носат мини здолниште и оскудна маица на студен, пролетен ден – буквално се гледа сè. Друга мајка, пак, се појави со маица со В-израз, па сите се збунија и никој не знаеше каде да гледа. Не е баш прифатливо така да се облекуваат кога ги носат децата на училиште. Тоа не е модна писта. Родителите треба да покажат добар пример за стандардите за облекување“.
Но, друг родител истакнал дека писмото било премногу, сугерирајќи дека некои луѓе едноставно се облекуваат на „забавен“ начин.
Наставниците Керол Колинс и Ема Ирдли велат:
„Како одговор на зголемениот број на родители што носат пижами и друга облека која изгледа како долна облека, училиштето објави забелешка во која од родителите бара да се облекуваат посоодветно. Додека тоа беше составено со добра намера, училиштето признава дека зборовите требаше да бидат помалку описни“.
Автор: Лијам Колман
912