Воспитување

Што треба секој родител да знае за 10-годишните девојчиња

Анксиозност, колку деца поседуваат паметен телефон, притисоци – девојчињата на возраст од 10 години ги мачат многу работи. Но, има 6 работи што им се приоритети и секој родител би требало да ги знае.

Вклопување и пријателства

– Тешко ми е да создадам пријателства бидејќи сум многу загрижена дали ќе им се допаѓам или не – вели Аиша.

Еден коментар повторно и повторно се врти низ глава. Пријателството е голема грижа за девојчињата, тие сакаат да изгледаат како некој друг, да носат различна облека, само за да се вклопат. „Не се вклопувам зошто моите пријатели се променија“, „Некогаш се чувствувам како да не се вклопувам, но не знам зошто“ – се често коментари на девојчињата.

Тие веруваат дека ако се променат, можеби ќе имаат повеќе пријатели. Мора да научат дека пријателството не може да дојде толку брзо, може да поминат и години, па некогаш и да бараат прошка кога се во грешка. Мора да ги научиме и дека треба да поставуваат граници во пријателствата и да ги научиме да не ги прекршуваат. Паметните телефони ги направија пријателствата потешки бидејќи често зборуваат меѓусебно по електронски пат наместо во реалниот живот. Треба да ги научиме да ја трчаат својата трка и да ѝ дозволат на девојката која седи до нив да ја трча својата.

Ставање кочница на сопствениот потенцијал

„Не можам да се занимавам со математика, „Не сум јас за наука“. Девојчињата често се сомневаат во своите способности и го кочат сопствениот потенцијал. Многу експерти сметаат дека девојчињата реагираат и на пораките околу нив, па затоа мораме да ги охрабриме да веруваат дека може да сонуваат големи соништа. Има важна разлика помеѓу начинот на кој размислуваат момчињата и девојчињата. Треба да ги поттикнуваме да веруваат во себе и бескрајните можности што ќе се најдат пред нив.

Кога навистина почнува пубертетот?

Додека првата менструација кај девојче може да не се случи до 12-тата година, сепак, знаците на пубертетот може да се појават дури и на возраст од 6 или 7 години. Тие промени може да ја одредат нивната траекторија во области како ментално здравје и болести – па затоа потребно е да знаеме повеќе за сето тоа. Девојчињата на таа возраст развиваат чувство за тоа кои ќе бидат и многу е важно нашето влијание врз нив. Почнуваат да се ориентираат настрана од своето семејство, врсниците и другите. Ако се инвестира во нив додека нивниот развој е во подем, сето тоа ќе вроди со плод. Затоа, родителите треба да имаат разбирање за таа фаза пред пубертет бидејќи така ќе им помогнат на децата низ адолесценцијата.

Различни девојки, исто одделение

Тешко е да се замисли разликата помеѓу девојките на оваа возраст. Некои девојки размислуваат за момчиња, некои за играчки. Сите девојчиња седат заедно и тоа значи дека некои слушаат работи кои можеби не ги разбираат. Сексуалниот идентитет е една од нив. Иако има сличности, сепак, секое дете се развива различно и може да создаде предизвици во различни групи. Треба да ги слушаме и да ги слушаме прашањата на кои тие бараат одговор.

Спиење и како тоа помага

Има многу нешта што не можеме да ги направиме – како избор на нивните пријатели, на пример, но можеме да влијаеме врз нивното спиење. Девојче на 10 години има потреба од 9 до 11 часа сон, но не се работи само за времетраењето на спиењето. Студиите покажале дека постојаноста во сонот и квалитетот се исто така важни. Ова може да влијае врз нивниот училиштен успех и врз подобрувањето на менталното здравје, па не треба да ја потценуваме моќта на квалитетниот сон.

Ковид-19

Не занемарувајте го ефектот од пандемијата врз девојчињата. Ана е од Австралија, а нејзината мајка е лекар, па работела за време на карантинот. Таткото на Ана седел дома, а нејзе тоа ѝ се допаѓало. Но, она на што најмногу се сеќава од тој период е дека кога мајка ѝ се враќала дома, не ја прегрнувала, барем не додека не се истуширала. Рестрикциите им донесоа придобивки на некои деца, но за децата на работниците од првите борбени линии донесоа и многу трауми. Ова ќе биде предизвик и во 2021 година, а нашите девојчиња можеби не се чувствуваат добро како што ние мислиме, па затоа треба да се работи на давање поддршка и во однос на таа тема.

Автор: Мадона Кинг

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top