Иден татко споделил на социјалните мрежи едноставна техника која партнерите на бремени жени може да ја применуваат со цел да им ја намалат болката. Последните неколку месеци од бременоста често се период кога жените се соочуваат со болки. Не е изненадување – кога носите дополнителна тежина од друго човечко битие во вас, се разбира дека грбот ќе ве боли.

За среќа, еден корисник на „Тик-ток“ споделил видео на кое покажува потег со кој може да им ја олесните болката на бремените жени. Под видеото напишал: „Најдете бремена жена и држете ѝ го стомакот“.

– Ако сакате да ѝ направите услуга на бремена жена, нежно ќе го подигнете нејзиниот стомак, па така можеби ќе држите приближно 4-6 килограми. А потоа, кога ќе биде подготвена, нежно ќе го спуштите повторно надолу.

@daddynewb

find a pregnant lady and hold her belly ##fyp ##duet ##NewYearNewMio ##pregnant ##parents ##parentsoftiktok ##husband ##dad ##family

♬ original sound – daddynewb

Автор: Стефан Армитаж

Извор



912

X