За многу наставници предавањето не е само работа, туку и страст. Позитивното влијание врз животот на младите носи задоволство што е многу поголемо од платата.

Кели Клајн, учителка на деца од предучилишна возраст во градинка во Минесота, го знае тоа многу добро. Всушност, таа продолжува да одржува часови на далечина (поради Ковид-19) од болницата каде што прима хемотерапија поради карцином на јајчници.

Клајн оди во болница еднаш месечно за третман на ракот, а во периодот од пет часа додека е таму нејзината болничка соба ѝ е привремена училница. 32-годишната наставничка ги носи својот лаптоп и материјалите за да им предава и да ги инспирира своите 5 и 6-годишни ученици.

– Учењето 5-годишни деца е како да одите во Дизниленд. Сè е возбудливо и тие се толку возбудени што и јас се возбудувам. Кога си на хемотерапија и околу многу болни луѓе, тоа е депресивно место. За мене, опкружувањето со 5-годишници во текот на тој период е како парче нормалност во абнормална средина – вели наставничката.

Со одлуката да работи додека е болна Клајн им дава моќен пример на нејзините ученици дека и луѓето со рак можат да продолжат да живеат.

– Она што таа го прави е дел од живеењето во нашиот свет. Им помага на децата да минуваат низ многу ситуации што не треба да нè дефинираат, но се дел од нашето животно искуство – вели Бет Банке, директорка на училиштето каде што работи Клајн.

Извор



912

X