Американката Рејчел Беквит ќе остане запаметена во историјата на човештвото како деветгодишното девојче што остави неизбришлива трага и огромен придонес за овој свет да биде подобар. Благодарение на неа, десетина илјади луѓе во Африка пијат чиста вода без страв за сопствениот живот. За жал, таа никогаш нема да може да оди во Африка. Во 2011 година загина во сообраќајна несреќа.

Пред да се случи трагедијата, Рејчел дознала дека секој ден во Африка умираат околу 4,5 илјади деца кои, поради недостиг на питка вода, пијат од валкани и непроверени бунари. Тоа толку многу ја вџашило Рејчел, што одлучила по секоја цена да им помогне на тие деца. Со помош на мајка ѝ, отворила своја страница на портал на хуманитарна организација каде што ги замолила сите што ги познава да не ѝ носат подароци за деветтиот роденден, туку парите што би ги потрошиле за тоа да ги дадат како помош за африканските деца. Сакала да собере 300 долари, што би било доволно 15 деца да имаат пристап до чиста вода. Собрала 220 долари.


Фото: http://www.rachel-beckwith.org/

Еден и пол месец подоцна во Сиетл се случил верижен судир на 10 возила. Рејчел била меѓу тие што не преживеале.
По трагедијата, на страницата на која е објавена нејзината последната желба почнале да се случуваат необични работи. Над 30.000 читатели оставиле трогателни пораки и почнале да уплаќаат пари за децата во Африка. Така се собрале 1.200.000 долари. Таа сума била доволна да се спасат 60.000 луѓе.
„Бев длабоко трогната од таквата љубов и поддршка, тоа е неискажлива болка и среќа истовремено“, изјави мајката на Рејчел, која го продолжи делото на својата ќерка.

Извори



912

X