Почнувајќи од денеска, основците и средношколците во државата се на зимски распуст. Вчера беше последниот наставен ден за учениците. Во основните училишта, во одделенијата во кои се оди со физичко присуство, по предвидените часови децата имале мини-забава со лотарија и слушале музика.

Првпат годинава мнозинството ученици имаа настава од дома поради пандемијата на Ковид-19. Полагаа тестови, пишуваа писмени задачи и слушаа нови лекции преку ИТ-уреди.

Учениците се враќаат на настава на 21 јануари (четврток).



912

X