Деветгодишната ќерка на пејачката Пинк ја воодушевила публиката кога ѝ се приклучила на својата мајка и заедно ја испеале „Божиќната песна“ на шоуто на Еј-би-си – „Дизни холидеј сингалонг“.

Пинк најавила на своите профили на социјалните мрежи дека има специјален гостин, а тој гостин била нејзината ќерка. Сега видеото е популарно на интернет, а на него се гледаат Пинк, која ја започнува песната, и нејзината ќерка, која ѝ се приклучува по првите стихови.

Интернет-корисниците не ги штеделе пофалните зборови за ова дуо. Ова не е првпат Пинк и ќерка ѝ Вилоу да настапат заедно. Во 2018 година тие изведоа кавер-верзија на песната „Милион соништа“ од „Најголемиот шоумен“, за што исто така добија голем број пофалби. Вилоу е постарото дете на Пинк и сопругот Кери Харт, со кого го има и синот Џејмисон.

Празничното издание на шоуто било исполнето и со настапи на други популарни музичари, како Кејти Пери, Адам Ламберт и други. Погледнете го видеото:

Извор



912

X