На 20 Ноември се слави Светскиот ден на детето. Првпат е прославен во 1954 година како Универзален ден на детето.
На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за права на децата. Во 1989 година генералот на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето токму на овој датум.
Во продолжение ви нудиме неколку цитати за одбележување на овој ден.
– Детето секогаш може да ги научи возрасните три работи: да бидат среќни без причина, секогаш да бидат зафатени со нешто и да знаат како со сите сили да го бараат она што го сакаат – Пауло Коејло.
– Првата среќа на детето е да знае дека е сакано – Дон Боско.
– Нема седум чуда во светот во очите на детето. Има седум милиони – Волт Стрејтиф.
– Се грижиме за тоа што ќе стане детето утре, а забораваме дека и денес е некој – Стасија Таушер.
– Тајната на генијот е да го зачува духот на детето и на стара возраст, што значи никогаш да не се изгуби ентузијазмот – Олдос Хаксли.
– Во најсреќните спомени на нашите деца, и нашите родители беа среќни – Роберт Браулт.
– Најдобриот начин да ги направите децата да бидат добри е да ги усреќите – Оскар Вајлд.
– Можете да научите многу работи од децата. На пример, колку трпение имате – Франклин П.Џонс.
– Најдобро се открива душата на општеството преку начинот на кој тоа се однесува кон своите деца – Нелсон Мандела.
– Најголемото наследство што може да се пренесе на децата и внуците не се парите или другите материјални работи стекнати во животот, туку наследството на карактерот и вербата – Били Грахам.
– Не е наша работа да ги зајакнуваме децата да се соочат со суров и бездушен свет. Наша работа е да ги воспитаме децата да го направат светот помалку суров и бездушен – Л.Р.Ност.
– Бидејќи децата растат, мислиме дека целта на детето е да порасне. Но, целта на детето е да биде дете – Том Стопард.
– Во секое детство постои градина, магично место каде што боите се посветли, воздухот помек, а утрата помиризливи од кога било –
Елизабет Лоренс.
– Најголемиот подарок што можете да му го дадете на вашето дете се корените на одговорноста и крилјата на независноста –
Денис Вајтли.
912