Воспитување

Едукаторка за воспитување ги повикува родителите на предизвик: Ова не е само проблем на децата

„Екраните се често прашање во врска со воспитните предизвици. Со оглед на тоа дека не поминуваат само децата премногу време пред екраните, туку и ние, возрасните, се одлучив да го направам следното: еден ден во неделата (понеделник) ќе бидам офлајн, односно нема да поставувам објави на социјалните мрежи, а на пораките што тој ден ќе ги добијам ќе одговарам во наредните денови. Целта е да се освестиме колку време всушност поминуваме пред екраните и што сè можеме да направиме за тоа време“ – вака Глорија Пераниќ, едукаторка за родители и колумнистка, ги известила своите следбеници.

На оние што не се подготвени за таква „жртва“ им предлага да одвојат дел од денот (на пример, 15 часот попладне) кога ќе поминат време со детето во заедничка игра, прошетка и слично – без никаков екран.

– Екраните се дел од нашето секојдневие и затоа не можеме и не треба целосно да ги отстраниме. Сепак, бидејќи знаеме колку може да бидат штетни и да одземат многу време во текот на денот, сметам дека со воведување дисциплина на себеси си правиме добро и сме добар пример и за децата. Екраните – цртаните и игрите, често доведуваат до судири помеѓу родителите и децата. Тоа не мора да биде така. Овој пат започнав со нешто во друга насока, односно укажав на важноста на дисциплината на возрасните кога се во прашање екраните. На овој начин, со одредување на офлајн ден/час/дел од денот, структурирано си воведуваме контрола над тој облик на зависност – вели Глорија и наведува само некои од придобивките, пред сè квалитетно поминато време (со децата).

– Со оглед на тоа дека содржините на екраните се креирани да го задржуваат нашиот фокус, помалку сме фокусирани на она – во живо. Истражувањата покажуваат дека семејствата значително помалку комуницираат (помалку изговорени зборови) само кога е вклучен ТВ (без активно гледање). Од друга страна, кога сме целосно присутни, имаме многу повеќе шанси за градење на односот: активно да слушаме што имаат да кажат децата, да спроведуваме забавни активности со нив, емоционално да се поврзуваме, а конечно и да се најде повеќе време за себе – нагласува овој експерт.

Дали сте подготвени за офлајн-предизвик?

Извор

Поврзани написи

To top