За да порасне во гениј, родителите мора да се занимаваат со децата уште од самото раѓање, прво развивајќи ја неговата десна страна на мозокот, а потоа постепено да воведуваат игри за развој на левата страна – ова е методот на познатиот јапонски професор Макото Шичида, кој успешно се применува во повеќе од десет земји во светот.

На родителите им се препорачува да почнат да работат дома со децата што е можно поскоро преку следните форми:

Песна

Важно е да му се посвети на детето време за развивање на умот секогаш во исто време од денот, преку омилената песна. Професорот Макото Шичида советува да ја пеете додека ги држите децата в скут, свртени кон вас, додека цело време во заднина свири лесна музика.

Дишење

Неопходно е детето да научи да дише правилно, вежбајќи како да дува хартиена пчела или пеперутка. По некое време може да почне да дува „во празно“.

Вежба „енергетска топка“

Се преправате дека имате топка помеѓу дланките што ја обликувате како снежна топка, па така замислена фрлајте ја. Повторете го ова и преправајте се дека пиете енергија од вашите раце.

Сугестија

Со насмевка на лицето тивко кажете му на вашето дете: „Ти си посебен“, „Ти сакаш“, „Ти можеш сè“.

Имагинација

Тренирајте ја неговата имагинација, сонувајте со него, кажувајте му бајка што тоа ќе ја доврши.


Телепатија

Седнете блиску до детето и замислете некоја форма и боја, а потоа кажете му „Замислувам круг, каква боја е?“ Така се практикува телепатијата.

Интуиција

Кажете му да погоди во која рака или под што се наоѓа нешто за да го активира неговиот интуитивен нерв.

Гимнастика за очи

Земете го ѕвончето и поместете го горе-долу, лево-десно додека ѕвоните – вашето дете нека го следи со очите.

Игра со карти

Набавете што повеќе карти со различни слики. Покажете му ја на детето картичката брзо, не подолго од една секунда, доволно за да каже што има на неа. Оваа брзина ќе ја активира десната страна на мозокот, а исказот на она што е на картичката ја вклучува левата страна, така што тие се синхронизираат.

Фотографска меморија

За оваа цел ви требаат слики кои се различни една од друга. Покажете му на детето една од нив за секунда, а потоа и двете, и прашајте го што видел.

Пејте

На крајот од учењето повторно можете да ја испеете омилената песна. Вежбајте 30-40 минути на ден, а остатокот од времето оставете го детето да игра.

Проучувањето броеви, букви и други активности што го стимулираат предвремениот развој на левата страна на мозокот оставете го за возраст од 3 до 4 години. Научете го да игра улоги со различни играчки, да ја развива имагинацијата. Сонувајте со него, замислувајте како ќе одите на море или во зоолошка. Користете едноставни зборови за да опишете што ќе правите и што ќе видите. Научете го да јаде и да црта со двете раце.

Извор



912

X