Поранешниот наставник и експерт за едукација на деца Сајмон Барнс вели дека секое дете е различно, има своја личност и свои предности. Тој открива 7 знаци дека детето е иден гениј и има натпросечна интелигенција.

1. Брзо учи

Без разлика дали се работи за некоја практична вештина или за мало дете кое брзо усвојува нови зборови, ако вашето дете брзо учи, многу е веројатно дека ќе биде склоно на тоа самото да ги решава своите проблеми и да вежба само.

2. Има високи стандарди

Ова може да доведе и до фрустрации, без разлика дали само детето или луѓето од неговата околина не можат да ги исполнат неговите очекувања. Тоа е една од причините зошто понапредните деца непрестајно имаат предизвици пред себе, за да ја спречат фрустрацијата.

3. Никогаш не се откажува

Надарените, паметни деца се често перфекционисти. Покрај тоа што имаат високи стандарди, често покажуваат неверојатна упорност – се обидуваат повторно и повторно, сѐ додека не успеат да ја достигнат својата цел.

4. Не е добро во сѐ

Натпросечно паметните деца често имаат доста интереси, но тоа не значи дека се извонредни баш во сѐ. Повеќе се работи за тоа што се љубопитни и сакаат да пробуваат различни работи – на пример, сакаат да читаат, решаваат загатки, составуваат сложувалки…

5. Креативно е

Надарените деца често покажуваат високо ниво на креативност и тоа не само кога се работи за музика и уметност. Нивната креативност може да се покаже и во тоа што ќе бидат извонредни во решавање проблеми или ќе имаат бујна фантазија додека играат.

6. Пријатели и хумор

Напредните деца често изгледаат позрело од своите врсници и затоа понекогаш имаат проблем да најдат пријатели меѓу врсниците. Нивната смисла за хумор можеби е поразлична и посериозна, а исто така се позрели и во донесувањето одлуки.

7. Самостојно е

Натпросечно паметните деца се често доста самостојни и не се претерано оптоварени со општествените норми. Затоа често им е здодевно кога се соочени со тема која не е во согласност со нивното мислење.

Автор: Марта Клиф

Извор



912

X