Министерство за труд и социјална политика – МТСП ја задолжило директорката на градинката „Детска радост“ во Гевгелија веднаш да се утврди фактичката состојба, откако на социјалните мрежи девојка објави видео на кое се слушала како дете плаче, а некој му вика. Таа напиша дека детето плачело два часа, а вработена во градинката му се обраќала со погрдни зборови, како: „кучко една“, „краво“.


– Директорката е задолжена со следното: веднаш да се утврди фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување одговорност, односно ако најде докази дека со повредата на прописите е сторен прекршок, потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи или кривично дело, да поднесе барање за поведување прекршочна постапка, иницијатива за покренување дисциплинска постапка или пријава за сторено кривично дело, согласно член 261, став 1, алинеја 2 од Законот за заштита на децата – стои во соопштението од МТСП.
Објавеното видео предизвика бурни реакции во јавноста.
Н.Б.З.



912

X