Кај децата многу ретко се јавува тешка клиничка слика при SARS-CoV-2 инфекција, а ризикот од смртен исход од болеста Ковид-19 кај децата практично речиси не постои. Затоа, сметам дека учениците треба да се вратат на училиште и да имаат целосни, нескратени часови, вели д-р Харис Бабачиќ.

Овој македонски доктор магистрирал епидемиологија во Германија, а сега е докторанд-истражувач при медицинскиот универзитет Каролинска институт во Стокхолм.

Доколку е изводливо, нагласува тој, треба да се намали бројот на ученици по класови, што бара вработување на дополнителен наставен кадар.

– Тоа е тешко изводливо краткорочно, но треба да се има во план како долгорочна цел. Во училиштата, тоалетите се во многу лоша состојба и мора да се уредат и да имаат топла вода, да се обезбедат доволно дезинфициенси за простории, да се купат и дистрибуираат големи количини на сапун и хартија и на секој чекор да се постават едноставни сликовни препораки за заштита. Тоа мора да се направи пред повторното отворање на училиштата. Потребен е силен граѓански активизам од сите општествени чинители. Сите родители, учители, директори треба да ги притиснат локалните власти и владата за тој проблем конечно системски да се реши. Срамота е во 21 век сѐ уште да немаме обезбедено основни услови за хигиена во голем број училишта – категоричен е Бабачиќ.

Прочитајте повеќе на Факултети.мк.

Д-р Харис Бабачиќ



912

X