Кејтлин Фладагер е 26-годишна мајка и многу пати наишла на критики поради начинот на кој ги воспитува и одгледува своите деца. Таа често предизвикува критики поради нејзините ставови.

Овој пат се најде на мета на критики бидејќи на нејзините деца им купува исклучиво евтина облека, додека себеси си купува скапи дизајнерски парчиња. Но, таа одлучи да објасни зошто го прави тоа.

– Знаете зошто? Затоа што јас не сум во раст како моите деца. Не истурам постојано храна и пијалаци на мојата нова облека – објаснува таа во нејзиниот фејсбук-пост.

Освен тоа, додава дека за разлика од нејзините деца, таа не игра во кал, не прави дупки на облеката и не го менува експресно своето мислење во врска со облеката.

– Моите деца се неуредни, сакаат да играат во кал и сакаат да ја истураат храната. Им купувам поевтини алишта бидејќи не сакам да бидам мајка што ќе им вика затоа што им паднал сладолед на новата маица. Сакам да бидам мајката која кога ќе види дека истуриле, ќе каже: „Не е голема работа“. Сакам да бидам мајката која ги гледа како си играат во калта не грижејќи се дека ја уништуваат новата облека. Сакам да бидам мајката која ќе ги научи дека постои многу повеќе во животот од убавата, скапа облека – пишува таа.

Извор



912

X