Швајцарската полиција истражувала 8-годишно дете откако наводно прашало дали може да плати со банкнота-играчка во локалната продавница. Лажната банкнота од евра била „банкнота за ритуали“ со кинески симболи користена за симболично палење како принесување на жртва за починатите лица, со цел да им се обезбеди среќен задгробен живот, според весникот „Баслер цајтунг“.

Момчето, чие име не е познато, не било обвинето и против него нема пријава, но неговото име ќе биде запишано во полициските извештаи до мај 2032 година. Лажните пари биле дистрибуирани во март на градски карневал во градот Зис, каде што швајцарските франци се официјалната валута. Банкнотата е печатена на обична хартија и на неа се испишани сини кинески симболи, па се претпоставува дека детето ја добило на карневалот.

Иако банкнотата била идентификувана како лажни пари, персоналот од продавницата имал чувство дека е обврзан да пријави во полиција. „Тоа е нашата политика – имаме такви инструкции од седиштето на компанијата“, изјавила менаџерката на продавницата, Тања Бауман.

Полицијата ги контактирала родителите на момчето и го посетила нивниот дом следниот ден. Со себе понела снимки од камерата од продавницата. Од полицијата изјавиле: „Бевме информирани дека деца со лажни пари се обиделе да купат производи. Затоа имало сомнение дека се работи за вметнување лажни пари во опсег“. Од полицијата додале дека полицаецот кој го истражувал случајот морал да одреди од каде потекнуваат тие пари и дали децата треба да одговараат пред законот.

Била пребарана и куќата во која живеело детето за да се провери дали имаат уште такви банкноти: „3 банкноти по 50 евра, 2 по 20 евра, 5 по 10 евра и 3 по 5 евра биле одземени заради спречување криминал“, стои во полицискиот извештај.

Момчето не е обвинето, но неговото име ќе остане во полициско досие до мај 2032 година.

Извор



912

X