Владата веќе прави план за враќање на животот во нормала, а се работи и на нови протоколи како да се отворат градинките, најави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Јас сметам дека преку добро изградени протоколи за однесување, што треба да се преземе од аспект на здравјето и на децата и на вработените во градинките и за спречување на ширењето на коронавирусот, децата ќе можат да се вратат во градинките врз основа на тие протоколи. Меѓутоа, за тоа Владата ќе донесе одлуки, а важно е да има верба кај граѓаните – рече Спасовски.



912

X