Учениците нема да се вратат во училишните клупи до крајот на наставната година. Ова се дел од сетот образовни мерки што ги усвои Владата на денешната седница, објави министерот за образование и наука Арбер Адеми.

– Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година. Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година. Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома – објави Адеми.

Министерот додава дека уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни.

Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули.

-Апелирам и ги охрабрувам сите да дадеме придонес за квалитетот на далечинското учење да се издигне на високо ниво – рече Адеми.
Тој објави дека на сите наставници што до денот на прогласување на вонредната состојба биле ангажирани со договори на определено, работниот однос им се пролонгира до крајот на учебната година, а ќе се понуди соодветна замена за секое испразнето работно место.



912

X