Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје што се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека во изминатото деноноќие се направени 500 теста и се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:
– Скопје 10
– Куманово 27
– Штип 3
– Прилеп 4
– Тетово 5
– Струга 6
– Велес 2
– Охрид 3
– Гостивар 1
– Кочани 3
– Неготино 2
Вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја сега е 974 лица.
– За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 Септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје – истакнуваат од Министерството.
Во соопштението се додава и дека едно лице кое во вчерашната статистика било евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета, било утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.