Игротека

Наставник од Загреб им свири на своите ученици под прозорец за да ги развесели

Наставникот Иван Петрановиќ предава во основното училиште „Иван Мерз“ во Загреб, кое беше оштетено при неодамнешниот земјотрес. Неодамна тој дошол до генијална идеја – одлучил да ги поздрави со музика своите ученици, кои мора да бидат затворени во своите домови.
Петрановиќ свири на укулеле и им пее на учениците под нивните прозорци.

Видео од наставникот се појави на социјалните мрежи.

Поврзани написи

To top