Во Грција вчера се роди првото бебе од мајка заразена со коронавирусот, а резултатите од првиот брз тест за Ковид-19 на новороденчето се негативни.
Во неделата 24-годишната мајка имала симптоми на грип, а по направената анализа за коронавирус, позитивни биле и нејзините резултати и резултатите на нејзиниот сопруг.
Според ректорот на атинскиот Универзитет во чии рамки е и Клиниката за гинекологија, жената била хоспитализирана и бил активиран планот за третман на бремени жени, а вчера се породила со царски рез.
Целиот случај го коментира и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, преку неговиот официјален профил на „Твитер“ објавувајќи селфи-фотографија на лекарите со мајката.
– И среде тешкотии се роди надеж. Докторите и медицинските сестри во болницата „Атикон“ по раѓањето на првото дете во нашата земја од мајка позитивна на коронавирусот. Бебето е здраво – напиша Кикиљас.
Και μέσα στις δυσκολίες γεννήθηκε η ελπίδα.
Γιατροί και νοσηλευτές του νοσοκομείου “Αττικόν” μετά τη γέννα του πρώτου παιδιού στη χώρα μας, από μητέρα θετική στον κορωνοϊό.
Το μωρό είναι υγιέστατο. pic.twitter.com/gJBobreTv9— Vassilis Kikilias (@Vkikilias) March 19, 2020
912