И покрај тоа што е правно формулирано како препорака, мерката да се ослободат од работа родители чии деца до 10 години нема кој да ги чува зашто се затворени градинките и училиштата до 25 март, таа е задолжителна и за приватните компании, појасни министерот за здравство Венко Филипче.
Тој појасни дека товарот ќе падне на компаниите, односно тие ќе мора да го платат ова отсуство.
– Мерката задолжително важи за сите. Ако се наметне потреба, ќе има владини мерки за финансирање – рече министерот Филипче.
Фото: Влада
912