Постојат професори што ги паметиме и постојат професори што ги паметиме зашто се цареви, како учителот Сава Ковачевиќ од Подгорица,  од Основното училиште „Октоих“. Дека тој навистина е уникатен наставник и навистина се грижи за своите ученици, а се грижи не само за формата, туку и за суштината, говорат многубројните награди и убави зборови што за него ги имаат учениците, колегите од регионот, а тоа не е мала работа.

Покрај тоа што ги учи како се прават палачинки, тој ги учи и да не бидат мрзливи, да ги пеглаат и да ги диплат своите работи. Откако на официјалната фејсбук-страница на основното училиште се појавила објава на која се гледаат учениците од петто одделение како со помош на наставникот, низ забава и смеа, учат да пеглаат кошули, панталони и маици, се запрашавме едно – кој е овој цар и како му успева да им го задржи вниманието на децата? Во просветата, како во Србија така и во регионот, има луѓе што навистина си ја сакаат својата работа и кои истовремено се наставници, педагози, пријатели и луѓе. Но, за жал, се во сенка на оние што не можат да се изборат со темпераментот на незаинтересираните и понекогаш многу безобразни тинејџери, па наставниците како Сава ретко избиваат во прв план.

фото: Facebook

Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, тогаш целиот регион зборува за нив. Сава е познат како наставник кој своите ученици не ги гледа според имињата во дневникот, туку им е максимално посветен. Ги учи, ги негува и ги чува и што е најважно – не дозволува никој да каже лош збор за нив. Сава е добитник на наградата од Фондот за квалитет и таленти, како и на признание од регионалната асоцијација „Најдобри наставници од поранешна Југославија“, а по повод добивањето на наградата, наставникот дал интервју и за подгорички „Дан“.

– Суштината на нашата работа е ученикот да биде во центарот на самиот наставен процес и да постигне максимум, а ние сме тие што ќе ги обезбедиме тие услови за секој од нив да може да дојде до израз. Мора да бидат свесни што може да значи нивното однесување и колку може да влијае врз другите и врз самиот процес на учење. Ние (работниците во просветата) сме тие што го создаваат имиџот и интегритетот на општеството. Така што, секој од нас се претставува себеси, но и образовниот систем во Црна Гора.

фото: Facebook

Денес, во период кога децата се воодушевуваат на „јутјуберите“ и „инфлуенсерите“, да ги заинтересирате децата самите да извршуваат некои основни домашни работи, а тоа да го прават со насмевка на лицето, навистина е реткост. Притоа да не ги терате, туку тоа да го прават со уживање. А кога ќе видите такво нешто, сосема е во ред тоа што ги наградувате со палачинки и подароци, за секого посебно, за Нова година, како што тоа го прави Сава. Можеби, ако има повеќе луѓе и педагози како Сава Ковачевиќ, не би ја имале ситуацијата што ја имаме, а која баш и не е весела, ниту од едната ниту од другата страна на катедрата.

Извор



912

X