„Само ако сме во нешто различни од другите, можеме да успееме“.
Овој начин на размислување ги доведе Естонците на врвот на листата во Европа според резултатите од ПИСА-меѓународнотo тестирање за постигнувањата на ученици на 15-годишна возраст по јазична писменост, математика и природни науки, во 2018 година
Малите Естонци се и петти во светот.
Со овие резултати тие ги надминаа и своите соседи, Финците.
Основното образование на Естонија е едно од најдобрите во светот, покажаа резултатите од ПИСА-тестирањето во 2015 година.
И самите вработени во министерството за образование признаваат дека понекогаш се изненадени од ваквите показатели. Но, порачуваат: „Образованието е нашата религија“.
– Причините за ваквите добри резултати во образованието на Естонија лежат во правичноста и компактното образование, професионалниот кадар, ефективниот менаџмент во процесот на учење, поддршката за послабите ученици и посветувањето внимание кон специфични образовни потреби. Она најважното – образованието се цени во општеството – велат од министерството за образование на Естонија.
Долгорочната стратегија за учење до 2020 година има 5 главни цели:
– изменет пристап кон учење (учењето се заснова на индивидуалноста, интересите на поединецот, искуството и потенцијалот на секој ученик);
– компетентни и мотивирани наставници и директори на училиштата;
– подобра интеграција на образованието со потребите на пазарот на трудот;
– дигиталната револуција што е процес на доживотно учење;
– еднаква можност и зголемено учество во учењето што мора да трае цел живот.
912