Ова се загатки наменети за деца. Дали вие можете да ги решите? Не се толку лесни како што би помислиле.

1. Лесен сум како пердув, но и најсилниот човек не може да ме држи повеќе од 5 минути.

2. Господин Петровски има две деца. Доколку постарото е момче, колкави се шансите другото дете да момче, исто така?

3. Мајката на Стејси имала четири деца. Првото се викало Април, второто Мај, а третото Јуни. Како се вика четвртото дете?

4. Што се зголемува, но никогаш не се намалува?

5. Ја фрлате надворешноста и ја готвите внатрешноста. Потоа ја јадете надворешноста и ја фрлате внатрешноста. Што сте јаделе?

6. Што патува низ светот, но останува на едно место?

7. Висока сум кога сум млада и ниска сум кога сум стара. Што сум јас?

8. Возач на автобус помина покрај знак „Стоп“ без да застане, сврти лево онаму каде што имало знак за забрането налево и помина во погрешната насока на еднонасочна улица. Тој не прекршил ниту едно правило. Зошто?

9. Што ви припаѓа вам, но другите го користат повеќе од вас?

Одговори

1. Здив.
2. 50%
3. Стејси
4. Возраст
5. Пченка
6. Поштенска марка.
7. Свеќа
8. Тој пешачел.
9. Телефонски број.



912

X